Марота: Среќни сме што Лукаку се враќа дома

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота разговараше за очекуваното враќање на Ромелу Лукаку во тимот, преговорите со слободниот агент Пауло Дибала и можната продажба на Милан Шкрињар.

„Мораме да му се заблагодариме на раководството на клубот. Се надевам дека се ќе биде готово во следните неколку дена. Лукаку е играч кој овде се снајде доста добро и среќни сме што се враќа дома. Нема да негирам дека се сретнавме со претставниците на Дибала. Треба да бараме нови можности и Дибала е еден од оние што ги гледаме, но за да дојдеме до успешен крај треба и двете страни да се движат во иста насока. Шкрињар? Во моментов нема договор. Има интерес од многу клубови и за него и за други играчи. Смирено ќе ја процениме ситуацијата. Не сакаме да се разделиме со никого, освен ако некој не сака да си замине, но секогаш мораме да ја земеме предвид нашата издржливост“, изјави Марота за италијанските новинари.

Слични содржини