Марсело: Не сме Барса да изгубиме 0:4 од ПСЖ

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело, изјави дека играчите на Париз Сен Жермен веќе заборавиле за елиминацијата од Барселона во Лигата на шампионите минатата сезона. Парижаните водеа со 4:0 по првиот меч дома од 1/8-финалето, но потоа загубија сензационално 1:6 во реваншот во Шпанија.

„Тие нема да мислат на тоа, истото важи и за нас. Секоја сезона е многу различна. Натпреварот помеѓу Барса и ПСЖ нема да покаже никакво влијание врз претстојните судири“, изјави Марсело.

Тој зборуваше за односот на фановите на Реал Мадрид кон Нејмар, кој е поранешен играч во Барселона, а сега го носи дресот на Парис Сен Жермен.

„Фановите на Реал Мадрид ги сакаат добрите играчи. Секој фан би го сакал Нејмар во својот омилен тим. Публиката ќе го поздрави добро“, рече бразилскиот репрезентативец.

Реал Мадрид го пречекува Пари Сен Жермен во утре вечер.

Слични содржини