„МАРШ ОД МОЈОТ ТРЕВНИК!“ – Сопственик на имот го избркал австралискиот премиер од прес-конференција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Австралискиот премиер Скот Морисон стана вистинска сензација на Интернет, благодарение на неочекуваниот настан на прес-конференција, пренесува „Србија данас“.

За време на конференцијата за претставниците на медиумите во предградието Гугонг во Нов Јужен Велс, премиерот на Австралија, меѓу другото, зборуваше за реновирање на домаќинствата и за тоа како владата би можела да им помогне на граѓаните во тоа.

Во еден момент, сопственикот на имотот на кој се наоѓаше Морисон, им рече на присутните да се тргнат од неговиот тревник.

„Може ли да се тргнете од мојот тревник? Само што го средив. Ајде сите“, рече тој, прекинувајќи го собирот. Здогледувајќи го премиерот, сепак додаде – Извини брат…

Премиерот, се разбира, ги замоли сите присутни да се тргнат од тревникот на гордиот сопственик на зелената површина, што тие го направија веднаш.

Слични содржини