Март ќе донесе среќа во љубовта за овие 4 хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Овој март љубовта станува особено важна, а посветеноста е примарен фокус за четири хороскопски знаци каде љубовните односи значително се подобруваат.

Кон крајот на месецот, Марс се иселува од Близнаците за прв пат по седум месеци, а Плутон се преселува во Водолија, менувајќи го знакот за прв пат по 15 години, што носи нешто неочекувано.

Овој нов бран на енергија ќе направи одредени знаци конечно да одлучат да го следат своето срце.

Во продолжение прочитајте кои знаци ќе доживеат цветање на љубовта во наредниот период, пренесува „YourTango“.

Скорпија

Ова е период кога ќе бидете повеќе склони да постигнете долгорочна посветена врска. Конечно, ќе оставите сè од минатото зад себе и ќе почнете да го освојувате она што го сакате за вашата иднина, а сега станува поверојатно дека ќе запознаете нов партнер или повеќе ќе се посветите на постоечкиот партнер.

Ќе се појават многу романтични прилики во вашиот живот и ќе се чувствувате повеќе склони да уживате во романтичните моменти кои претстојат.

Бик

Бикот е еден од владејачките хороскопски знаци на Венера. Кога планетата на љубовта ќе се врати во вашиот хороскопски знак, почнувате да работите на поголема фреквенција.

Сега е добро време да ги преиспитате вашите зборови и договори што сте ги направиле во вашата врска, па дури и со себе.

Ова е вашата шанса да станете подобри и на тој начин да ја подобрите врската во која се наоѓате.

Најмногу на што треба да работите е вашата приспособливост и флексибилност кон она што им треба и сакаат на другите.

Треба да ја разберете вредноста на компромисот и на тој начин ќе ја подобрите динамиката на врската, особено ако повеќе се фокусирате на љубовта отколку на тоа да бидете во право.

Водолија

Месецот што следи ќе биде многу возбудлив. Плутон во Водолија е официјалниот почеток на нешто за прифаќање на вашиот пат.

Конечно, следува мирен период поврзан со вашиот дом и семеен сектор. Иако често сте се чувствувале растргнати жонглирајќи со вашата независност и семејство, нешто магично ќе се случи. Конечно ќе разберете дека никогаш не било потребно да се избира меѓу страните, туку да се прифатат и двете.

Стрелец

Нова енергија пристигнува за вас додека Меркур влегува во Рибите, активирајќи ги темите околу домот и семејството, исто како што Сатурн долгорочно се движи во истиот хороскопски знак.

Кога Сатурн стапува на сцената, работите стануваат посериозни.

Многу работи ќе завршат овој месец, но има голем почеток и тоа е многу повеќе од ново ниво на посветеност или дури и врска. Почнувате да гледате на љубовта од поздрава перспектива и конечно станувате личноста што сте знаеле дека можете да станете.

Не плашете се да вложите се од себе во она што знаете дека е дел од вашата иднина овој месец.

Слични содржини