Мас: Итно треба да ја намалиме нашата зависност во стратешките витални области

од Vladimir Zorba

Европа треба да биде помалку зависна од другите земји во стратешките области, како што се здравствениот и енергетскиот сектор, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, на германските амбасадори собрани на онлајн конференцијата денеска.

„Итно треба да ја намалиме нашата зависност во стратешките витални области: во здравствениот сектор, но подеднакво во однос на енергијата, информатичката технологија, храната, логистиката и суровините, како што се ретките земни метали“, рече Мас во Берлин.

„Кога е во прашање здравјето и безбедноста на нашето население, ЕУ мора да гарантира безбедност на снабдувањето“, рече тој.

Во исто време, германскиот министер за надворешни работи негираше дека тоа значи отфрлање на слободната трговија.

„Но, рамнотежата помеѓу меѓународната поделба на трудот и ризикот од стратешка зависност мора да се воспостави на друг начин“, рече тој. „Би сакал Германија и Европа да бидат пионери во ова“, додаде Маас.

Мас, во упатствата до германските претставници за шестмесечното претседателство со ЕУ во втората половина на 2020 година, рече дека целта е да се обезбеди и европско влијание во светот по пандемијата.

Германскиот министер за надворешни работи рече дека пандемијата ќе има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика и може да ги влоши глобалните нерамнотежи, иако не е јасно која држава ќе излезе победничка од пандемијата.

„Повеќето луѓе се обложуваат на Кина, но дали е тоа едноставно?“, рече Мас.

„Дали меѓународните компании ќе продолжат да произведуваат „навреме“ во Кина, ако причините за криза од овој вид не се разјаснат на потврден начин“, додаде тој.

Мас исто така посочи на „искривената слика“ на САД што ја прикажува земјата со колапс на здравствениот систем и со огромна невработеност.

Сите експерти се согласуваат дека дигиталната економија ќе биде посилна по оваа криза, како и многу големи американски компании, потсети Мас.

Слични содржини