Мас: Сребреница е симбол на злосторства во поранешна СФРЈ

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Германија, земја која го има претседателството со ЕУ, Хајко Мас, истакна денеска, по повод 25-годишнината од злосторствата во Сребреница, дека кривичната одговорност на криминалците е од клучно значење за помирување во општеството.

Особено од одговорноста на сопствената историја, Германија е особено посветена на тоа, истакна Мас.

Тој во изјавата рече дека Германија целосно го поддржува меѓународниот суд и со нетрпение очекува да ја продолжи работата.

Шефот на германската дипломатија истакна дека на самите држави им е да ги изведат криминалците сега пред лицето на правдата.

„Како ниедно друго место, Сребреница е симбол на злосторства против човештвото во поранешна Југославија. 8.000 млади и мажи беа убиени таму, на крајот на 20 век, во средина на Европа, пред светската јавност. Ние сме обединети во тоа deka Сребреница никогаш не смее да се случи повеќе. Националистичките тенденции, каде и да се соочуваме со нив, ние мора да им се спротивставиме“, рече Мас.

Тој рече дека pomneweto на жртвите треба да биде поттик да се оди доследно на патот на помирување и надминување на минатото.

Слични содржини