Мас: Вториот нон-пејпер не е потпишан со пенкало од германската влада

од Nikola Popovski

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека таканаречениот нон-пејпер не потекнува од Германија, соопштило германското Министерство.

Тој реагираше на пишувањето на приштинска „Коха“ од вторникот, според кое има уште еден нон-пејпер во кој се дефинирани односите меѓу Белград и Приштина.

„Ова не доаѓа од пенкалото на германската влада. Напротив, за време на неговата посета на Приштина и Белград минатата недела, министерот за надворешни работи Мас истакна дека Германија го поддржува дијалогот за нормализирање на односите со посредство на ЕУ, и дека целта е сеопфатен договор што придонесува за регионалната стабилност. им овозможува на двете земји да имаат реална перспектива во ЕУ “, се вели во соопштението, пренесува Дојче веле.

Приштинска „Коха“ во вторникот објави дека има пристап до документ, наводно, подготвен од Германија и Франција, што е заедничка иницијатива за продолжување на дијалогот, што треба да резултира со конечен договор.

Според тој наводен документ, Белград и Приштина би се признале едни со други, а предвидено е создавање на автономна област во северно Косово, како и привилегиран статус на Српската православна црква.

Од друга страна, Белград ќе биде должен да не го блокира членството на Приштина во меѓународните организации.

Слични содржини