МАСАКР ВО БРАЗИЛ: Тинејџер вооружен со мачета упаднал во училиште и убил три деца и наставник

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџер вооружен со мачета денес влегол во училиште во градот Саудаде, на запад од бразилската држава Санта Катарина и убил три деца и наставник, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека напаѓачот бил уапсен, пренесуваат локалните медиуми.

Саудаде има околу 9.800 жители и се наоѓа на 600 километри од Флоријанополис, главниот град на Санта Катарина.

Слични содржини