МАСАКР ВО МЕКСИКО: Вооружен напаѓач убил шест лица во центар за рехабилитација

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружен маж застрела и уби пет мажи и една жена во приватен центар за рехабилитација во западно Мексико, соопштија локалните власти.

Обвинителството во западната држава Халиско соопшти дека нападот се случил во населбата Тлакепаке, предградие на Гвадалахара, пренесе АП.

Халиско е дом на истоимениот нарко-картел, а државата многу години видела престрелки и убиства меѓу ривалските фракции на картелот Гвадалахара.

Во нападот учествувале повеќе лица, но обвинителството не даде повеќе информации, ниту е познат мотивот за ова злосторство.

Наркокартелите претходно ги напаѓаа центрите за рехабилитација, главно за да убиваат корисници на дрога или дилери поврзани со ривалски банди.

Пред две години, во државата Гуанахуато, напаѓач уби 27 лица во центар за рехабилитација.

Слични содржини