Полицијата во Луисвил го идентификуваше Конор Страдјон како човекот кој отвори оган во банка во Кентаки во понеделникот наутро, убивајќи четворица негови колеги.
Страдјон (23) работел во банката и го снимал нападот во живо на Инстаграм, соопшти полицијата.
Првите извештаи за пукотници пристигнале во 8:38 часот, а Страдјон исто така пукал со пушка кон полицајците кои дошле на теренот.
„Возвративме со оган и ставивме крај на заканата. Осомничениот почина. Ова е единствениот пат кога ќе го спомнам името на осомничениот во овој случај: Конор Страдјон, белец, 23 години, бил вработен во Old National Bank“, изјави шерифот од Луисвил.
Според неговиот профил на LinkedIn, Страдјон работел во банката околу две години како „соработник во синдикатот и портфолио банкар“ и стажирал таму три претходни лета. На профилот пишува и дека тој е магистер на Универзитетот во Алабама.
Таткото на Страдјон бил кошаркарски тренер на колеџ и во средно училиште во Индијана, кој го предводел својот последен тим до две титули во дивизијата со скор 142-45 пред да се пензионира минатата година.
JUST IN: Journalist Nick Sortor ASSAULTED outside the Old National Bank Building in Louisville, Kentucky while filming damage from todays shooting..
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) April 11, 2023