Машини за победи! Барса и Меси продолжуваат да кршат рекорди

од Vladimir Zorba

Барселона го подобри сопствениот рекорд за најдолга серија без пораз во Примера дивизион во текот на синоќешната победа со 6:1 над Жирона.

Каталонците веќе се непоразени во 32 последователни натпревари на домашна сцена, со што го надмина постигнувањето од сезоната 2010/11. Тогаш тимот, предводен од Пеп Гвардиола, не загуби во текот на 31 средби, ја освои титулата на Шпанија, како и Лигата на шампиони.

Најдолгата серија без пораз се држи од Реал Сосиедад од 38 последователни натпревари и датира од сезоната 1979/80. За да го подобри, Барса не смее да изгуби во следните осум дуели во Ла Лига, кои се против Лас Палмас (гостин), Атлетико Мадрид (домаќин), Малага (г), Атлетик Билбао (д), Севиља (г) Леганес (е), Валенсија (д) и Селта (г).

при успехот над Жирона, Лео Меси подобри нов рекорд. Покрај двата погодоци, аргентинскиот гениј даде и две асистенции, со што стана најдобар асистент во историјата на првенството – 148. Исто така аргентинскиот гениј е голгетер бр.1 во првенството на Шпанија.

„Се чини дека сè е лесно за Лео, но тоа не е така. Неговото претставување не може да се процени. Кога мислите дека сте виделе сè, тој повторно ве изненадува. Сите со љубопитност гледаме како секогаш сам ја покренува границата“, го пофали тренерот Ернесто Валверде.

Слични содржини