Маск: Ќе поднесам оставка кога ќе најдам некој доволно наивен да ме замени

од Radmila Tasevska

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денес објави дека ќе поднесе оставка од функцијата извршен директор на оваа социјална компанија, откако корисниците на Твитер гласаа за негово заминување на анкета.

„Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор штом најдам некој доволно наивен да ја преземе работата! После тоа ќе ги водам софтверските и серверските тимови“, изјави Маск на својата сметка денес.

Истражувањето кое Маск го започна на оваа социјална платформа пред два дена покажа дека околу 57,5 отсто од корисниците на Твитер сакаат Маск да поднесе оставка од функцијата шеф на Твитер, додека 42,5 отсто биле против.

Слични содржини