Маск ги проширува тунелите под Лас Вегас

од Vladimir Zorba

Откако конечно почна да ги транспортира првите патници низ своите тунели во Лас Вегас во јуни, компанијата за дупчење на Елон Маск, The Boring Company, сега доби одобрение да го прошири својот тунелен систем низ градот. Локалните власти дадоа зелено светло на плановите за распоредување на подземната транспортна мрежа, која може да достигне 51 станица.

Тековниот систем на тунели на Boring Company се состои од пар еднонасочни цевки кои се движат под Конвенцискиот центар во Лас Вегас, кој беше отворен претходно оваа година за да ги префрли посетителите помеѓу станиците на двата краја на објектот. Патниците се возат во електричните модули на Tesla, управувани низ тунели од човечки возачи со брзина до 64 km/h, пишува NewAtlas.

Проширувањето на системот за тунели во Лас Вегас отсекогаш било дел од плановите на компанијата. Затоа таа ја поздравува одлуката на градоначалникот за „воспоставување и одржување“ транспортен систем под површината на Лас Вегас, кој – според нив – ќе вклучува 51 станица и над 40 километри тунели.

Меѓу дестинациите во мрежата на тунели ќе бидат казина со големи имиња како што се Mandalay Bay, MGM Grand и Caesars Palace, заедно со T Mobile Arena, Allegiant Stadium и Универзитетот во Невада.

Иако градскиот совет ја одобри предложената мрежа на рути, за секоја од 51 станица ќе биде потребна посебна употребна дозвола пред да започне изградбата. Исто така, на компанијата ќе и треба посебен договор за франшиза со Лас Вегас.

Крајниот производ на Boring Company е сосема поинаков од оној што го замисли основачот Елон Маск пред околу пет години. Тој замислил како лифтови ги спуштаат возилата од нивото на улицата надолу по специјални шини, а движењето, според идејата, требало да се случи без интервенција на возачите – и со брзина од околу 240 км/ч.

И покрај овој елемент на фрустрација, на крајот, подземната мрежа во Лас Вегас сè уште има капацитет да превезува повеќе од 51.000 патници на час кога ќе биде завршена.

Слични содржини