Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер, објави дека се сретнал со папата

од Берта Китинска

Илон Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер, социјалната мрежа која се обидува да ја купи за 44 милијарди долари, објавувајќи фотографија од приемот кај папата Франциск.

Најбогатиот човек во светот покрај фотографијата на која е тој покрај римокатоличкиот поглавар, напишал дека му е голема чест што се состанал со папата, пренесува „Ројтерс“.

Освен тие двајцата, на фотографијата може да се забележат и четворица тинејџери, неговите синови. Инаку Маск има вкупно осум деца. Засега останува непознаница поводот за приемот кај папата Франциск.

Слични содржини