Маск го спореди новиот директор на Твитер со Сталин (ФОТО)

од Nikola Popovski

Директорот и основач на Тесла, Илон Маск, го спореди новиот директор на Твитер, Параг Арагвал, со советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Маск закачи фотографија на која ја прикачи главата на Арагвал на телото на Сталин.

За овие монтажи, користена е фотографија на Сталин, кој исто така бил директор на советската тајна полиција од 1936 до 1938 година. Маск објави две фотомонтажи – на првата е Арагвал во друштво на Џек Дорси, поранешниот извршен директор на Твитер, кој е претставен како Јежов, додека на втората Арагвал е сам.

Ова алудира на фактот дека Дорси бил пуштен низ вода, бидејќи Јежов бил убиен во 1940 година за време на чистките на Сталин.

Да потсетиме, пред неколку дена, поранешниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, објави дека се повлекува од позицијата шеф на оваа компанија за социјалните мрежи, а него ќе го наследи Параг Аргавал, технолошкиот директор на компанијата.

Слични содржини