Маск го укина работењето од дома за вработените во Твитер

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот сопственик на „Твитер“, Елон Маск, ги известил вработените во компанијата преку е-пошта да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека се забранува работата од дома, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News.

Новите правила, кои стапуваат во сила веднаш, бараат вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додал Маск во е-поштата.

Тој навел дека „нема начин да се разубави сликата“ од економска перспектива или како тоа ќе влијае на „Твитер“ како компанија зависна од реклами.

„Твитер“ е под раководство на Маск скоро две недели, за кое време тој отпушти приближно половина од работната сила и повеќето поранешни високи менаџери.

Слични содржини