Маск изгуби 20 милијарди долари по настапот во емисија

од Nikola Popovski

Шефот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, наводно осиромашил за повеќе од 20 милијарди долари откако минатиот викенд се појави како гостин гостин во емисијата „Во живо од сабота навечер“.

Нето богатството на американскиот бизнисмен паднало од 166 милијарди на 145,5 милијарди долари откако акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ потонале за околу 15 проценти во текот на минатата недела, покажуваат податоците што ги следи магазинот „Форбс“.

Без оглед на тоа, Маск е сепак третиот најбогат човек на светот, пренесува „Раша Тудеј“.

За време на своето деби на оваа забавна емисија, ексцентричниот милијардер открил дека тој е „првиот човек со Аспергеров синдром кој е домаќин на тоа шоу или барем првиот што го признал тоа“.

Претприемачот зборували за најновите случувања на пазарот на крипто-валути, како што се биткоинот и доџкоинто, давајќи шокантна оценка дека втората е „празна приказна“. Маск претходно јавно го промовираше тој токен, со што неговата цена се искачи на рекордни нивоа.

Неговите коментари, дадени во таа емисија силно го разнишаа крипто-пазарот, со тоа што доџкоин падна за повеќе од 30 проценти во рок од 24 часа. Во меѓувреме, крипто-валутата повторно почна да расте, а синоќа скокна за повеќе од 40 проценти на околу 55 центи по паричка, по новиот твит на Маск и објавата на платформата „Coinbase“ дека ќе ја вклучи таа монета во понудата.

Слични содржини