Маск изгуби 49 милијарди долари откако објави дека сака да го купи Twitter

од Vladimir Zorba

Технолошкиот милијардер Eлон Маск повторно влезе во медиумите и предизвика контроверзии. Главниот извршен директор на Tesla не само што најави дека ќе гласа за републиканците во иднина, туку и го исмеа S&P 500 ESG за одржливи инвестиции, нарекувајќи го „измама“ на Twitter. Во меѓувреме, акциите на Tesla паднаа за речиси 7% до најниското ниво за оваа година. Богатството на Маск се намали за повеќе од 12 милијарди долари само поради неговите објави на Twitter тој ден, според „Блумберг“.

Претходно, производителот на електрични автомобили беше исклучен од овој берзански индекс, што предизвика незадоволство кај извршниот директор на компанијата. ESG е кратенка за Еколошки, социјални и менаџмент прашања. Овој акроним се користи од финансиската индустрија за да понуди инвестиции кои посветуваат поголемо внимание на критериумите како што се заштитата на животната средина, социјалните прашања и доброто корпоративно управување.

Во моментов работите не одат добро за Маск. Според проценките на „Блумберг“, тој веќе изгубил 49 милијарди долари откако даде понуда за купување на Twitter минатиот месец. Маск се здоби со удел во Twitter и подоцна преговараше за целосно преземање од 44 милијарди долари со одборот на директори на Twitter.

Во меѓувреме, тој го обвини Twitter дека дава лажни изјави за бројот на лажни и бот сметки. Ова доведе до остар пад на цената на акциите на социјалната мрежа. Не е јасно дали Маск сега се обидува да ја намали цената или го подготвува теренот за договорот.

Од една страна, падот на цената на акциите на Tesla и Twitter во последните недели се должи на фактот дека пазарот во целина е колабиран. Но, од друга страна, некои акционери на Тesla и Twitter се исто така загрижени за тоа како Маск ќе го финансира својот предлог за гигантот кај социјалните мрежи.

Кон крајот на април, Twitter се согласи со понудата на Маск да ја купи компанијата, што беше неговата „најдобра и последна понуда”. Маск сака да ја тргне 16-години старата компанија од берзата. Според внатрешни извори, тој за време на преговорите за финансирање со банките веќе изјавил дека со пораки на Твитер ќе најде нови начини да заработи.

Слични содржини