Маск ја сруши вредноста на биткоинот

од Vladimir Zorba

Сопственикот на „Тесла“, Елон Маск, моментално вториот најбогат човек на планетата, познат по контроверзните твитови кои движат цели пазари, овој пат со негативен пост на социјалната мрежа успеа да ја спушти вредноста на најтргуваната криптовалута за 17 проценти за помалку од два часа. и со тоа „скина“ од пазарот околу 200 милијарди долари.

Вредноста на биткоинот падна од 54.602 долари на 47.720 долари, но на синоќешното тргување на азиските берзи, дигиталното средство се врати на нивото од околу 50.500 долари.

Маск на социјалната мрежа Твитер објави дека „Тесла“ престанува да ја прифаќа оваа валута за набавка на своите возила од еколошки причини.

„Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за ископување биткоин и трансакции, особено оние што доаѓаат од ископување јаглен, што има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск

Важноста на биткоинот на пазарот на криптовалути покажува и фактот дека етерот следеше слична шема и падна на нивото од 3.550 долари по шокантната објава, пред да закрепне и сега да „врти“ околу 4.000 американски долари. Вредностите што обете криптовалути ги постигнаа при падот се најниски во последните речиси три месеци.

Дека ваквиот развој на настаните е крајно необичен и неочекуван, откако претходната одлука на „Тесла“ да прифати криптовалути за да се плати за неговите автомобили и да купи биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари, покажува и фактот дека претходниот твит на Маск, од пред само неколку дена, ја испрати неговата мултимилионска публика кон криптовалутата dogecoin и можна инвестиција во неа.

Слични содржини