Маск му се извини на вработен кој на Твитер го праша дали е отпуштен

од Stefanija Kuzmanovska

Извршниот директор на Твитер, Елон Маск, се извини за начинот на кој комуницирал со вработен кој му поставил прашање преку социјалната мрежа.

„Вашиот шеф за човечки ресурси не може да потврди дали сум вработен или не“, напиша на Твитер Хали Торлејфсон. „Која работа ја работевте?“, Маск му одговори со прашање.

Торлејфсон потврди дека по серија дополнителни прашања и одговори, добил е-пошта во која се потврдува дека е отпуштен. Маск го опиша Торлејфсон како „најлош“ во објава на Твитер, но подоцна ја избриша објавата.

По неколку часа му се извини на Торлејфсон.

„Би сакал да му се извинам на Хали за моето погрешно разбирање на неговата ситуација. Се засноваше на работи за кои ми беше кажано дека се невистинити или, во некои случаи, вистинити, но безначајни. Тој размислува да остане во Твитер“, напиша шефот на „Твитер“, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини