Маск најави отворање на затворени профили на Твитер

од Vladimir Zorba

Новиот сопственик на Твитер, Елон Маск, во четвртокот најави дека повторно ќе ги отвори затворените профили на платформата веќе следната недела „под услов да не го прекршиле законот или да испратиле несоодветни електронски пораки“.

„Народот проговори, амнестијата почнува следната недела“, напиша Маск на Твитер во четвртокот, на американскиот празник Денот на благодарноста, додавајќи порака на латински „Vox Populi, Vox Dei (Гласот на народот е гласот на боговите).

Во средата, Маск на својата мрежа објави анкета со прашањето „Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за затворени сметки (профили?), под услов корисниците да не го прекршуваат законот и не користат скандалозни „спам“? Да/Не“.

Пет часа подоцна, пристигнаа одговори од околу два милиони корисници, кои со огромно мнозинство гласаа „ЗА“, односно за повторно активирање на затворените сметки.

Истражувањето за враќање на затворените кориснички сметки на Твитер го лансираше Маск користејќи го истиот метод како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Маск постојано нагласува дека го купил Твитер бидејќи ја смета платформата за „дигитален јавен форум“ кој е од суштинско значење за демократијата во светот.

Слични содржини