Маск нарече спасител „педофил“ – следи тужба

од desk2

 

Британец кој учествуваше во спасувачката мисија на децата заглавени во пештерата во тајланд најави дека ќе го тужи милијардерот Илон Маск поради навреда.

Вернон Ансворт вели дека е згрозен од милијардерот кој го нарече педофил и додаде дека тоа се зборови на навреда за секој кој учествувал во спасувачката мисија.

„верувам дека ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сега ќе сфатат каков е тој. Размислувам да поднесам пријава, ништо не е готово“, вели Ансворт (63).

Целата драма почна со подморницата што милијардерот ја понуди за извлекување на децата од пештерата, а за која повеќето стручњаци рекоа дека е неупотреблива во тие услови.

„Тој немаше увид во тоа каква е пештерата“, вели Ансворт.

Потоа Маск реагираше на Твитер, каде напиша дека подморницата е тестирана и дека нема сомнеж дека може да се употреби.

„Извини педофилу, си го бараше“, напиша Маск, па го избриша твитот.

Слични содржини