Маск од следниот месец воведува твитови со 4.000 карактери

од Nikola Popovski

Промената на максималното ограничување на карактерите е дел од многу поширокиот „ремонт“ на корисничкиот интерфејс на Твитер, кој се најавува во наредните месеци.

Извршниот директор на компанијата Илон Маск потврди дека следниот месец лимитот на карактери ќе биде поместен од 280 на 4.000.

Прво предложена во декември, промената е само дел од поголемата „ремонт“ на социјалната платформа, која американскиот милијардер сака да ја спроведе во наредните месеци.

Зголемувањето на должината на „твитовите“ е само втор пат кога се менува ограничувањето на бројот на карактери. Последен пат, во 2017 година, беше преместено од 140 на 280.

Маск објасни дека подолгите „твитови“ ќе го добијат истиот простор како и сите други, но дека ќе имаат опција „покажи повеќе“.

Општата ревизија на интерфејсот ќе вклучува можност за „повлекување“ помеѓу предложените пораки и твитови од луѓето што ги следите, како и опција за „обележување“.

„Ќе додадеме и едноставни опции за форматирање како задебелени и подвлечени и големина на фонтот на крајот на кварталот“, рече Маск.

Слични содржини