Маск одговори на предвидувањата на Медведев: „Покажува неверојатен недостаток на…“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот руски претседател и актуелен втор човек на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев, објави прогноза за наредната година, односно список на настани кои би можеле да се случат во текот на 2023 година, меѓу кои предвиде дека Елон Маск ќе стане претседател на Америка. Тој изјави дека очекува зголемување на цената на нафтата, распаѓање во ЕУ, дека Полска и Унгарија ќе земат дел од Украина.Во своето мрачно предвидување напиша дека ќе има неколку нови конфликти и дека ќе има „создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија“.

Една од точките е војната меѓу Франција и Четвртиот Рајх. „Поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска и одвојувањето на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучувањето кон Република Ирска“, напиша тој.

На повидок е уште една војна, смета Медведев, „овојпат тоа е американската граѓанска војна, поделбата на Калифорнија и Тексас во независни држави“.

„Подоцнежна победа на Елон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите што им беа доделени на републиканците по граѓанската војна“, нагласи тој. Тој најави и дека во 2023 година ќе има колапс на финансиските пазари.

На оваа објава реагираше лично Елон Маск, кој најпрвин беше воодушевен од предвидувањата кои го спомнуваа, па подетално го објасни својот став.

„Тоа се дефинитивно најапсурдните предвидувања што некогаш сум ги слушнал, а исто така покажуваат и неверојатен недостаток на свест за напредокот во вештачката интелигенција и одржливата енергија“, одговори Маск на Твитер.

Слични содржини