Маск: Околу 100 Starlink станици активни во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Извршниот директор на компанијата „SpaceX“, Елон Маск, изјави дека околу 100 единици од сателитската интернет мрежа „Starlink“ сега се активни во Иран.

„Се приближуваме до 100 активни единици во Иран“, напиша тој на Твитер, пренесе „Ројтерс“.

Маск во септември изјави дека ќе покрене единици од сателитската интернет мрежа „Starlink“ во Иран како дел од напорите на САД за зголемување на интернет слободите на Иранците и слободниот проток на информации.

Овој сателитски систем може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до Интернет и одредени социјални мрежи за време на протестите кои се присутни низ целата земја, наведува агенцијата.

Слични содржини