Маск откри дека страда од еден синдром, кој може да биде заслужен за неговиот успех (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу „Saturday Night Live“, изјави дека има Аспергеров синдром.

Во воведното обраќање пред публиката тој рече дека е првата личност со Аспергеров синдром која го водела ова шоу, но тоа не е точно.

Имено, канадскиот актер Ден Акројд беше првиот гостин-водител на шоуто со овој синдром во 2003 година, и по тој повод отворено зборуваше за синдромот, пренесува американскиот весник „Дејли Бист“.

Остатокот од своето обраќање Маск го искористи за да се пошегува на сметка на својот статус, како и на својата фасцинантна криптовалута Догкоин.

Патем, Аспергеровиот синдром е состојба од аутистичниот спектар, која е поврзана со социјални потешкотии. Некои експерти предлагаат вработување лица со овој синдром затоа што тие можат да постигнат успех во технологијата, претприемништвото и други работни места за кои се потребни аналитички вештини, пренесува порталот Klix.ba.

Слични содржини