Маск потпиша договор со НАСА со цел да избегне судири во вселената

од Берта Китинска

SpaceX, чиј извршен директор е Елон Маск, потпиша договор со НАСА со кој треба да се осигура дека вселенските летала нема да се судрат. Според НАСА, целта на договорот е размена на информации и подобрување на безбедноста во вселената, со цел да се избегнат судири со голема брзина.

SpaceX испрати над 1.000 сателити во вселената за да ја зајакне својата Интернет мрежа Starlink.

Според НАСА, јасно е дека општеството зависи од вселенските можности за развој на глобални комуникации, навигација, временска прогноза. „Во таа смисла, клучно е да се зголеми комуникацијата со компаниите кои ги даваат овие услуги, да се разменуваат податоци со цел да се обезбеди безбедно вселенско опкружување за сите нас“, велат од Агенцијата.

Според договорот, сателитите SpaceX Starlink автоматски или рачно ќе го прилагодат своето движење, за да избегнат сателити на НАСА и други уреди.

SpaceX и NASA веќе имаат развиена соработка. Агенцијата му додели на SpaceX договор од 330 милиони долари за лансирање на два дела од идната вселенска станица на Месечината.

Маск објави дека сака да има лансирано најмалку 40.000 „Starlink“ сателити. Оваа услуга е особено важна за руралните области кои денес немаат можности за брз интернет, а благодарение на нив, се планира да се обезбеди квалитетна услуга за интернет конекција на бродови, камиони и автобуси.

Слични содржини