Маск привремено се повлекува од Twitter

од Stefanija Kuzmanovska

„Надвор од Twitter за некое време“ – овој статус се појави на личната сметка на извршниот директор на „Tesla“, генерирајќи десетици илјади лајкови за само неколку часа, пишува The Wall Street Journal.

Елон Маск прави пауза од социјалната мрежа откако неговите неодамнешни твитови на платформата предизвикаа промени на берзите. Зголемувањето на акциите на Ѕіgnаl Аdvаnсе нaпpимe доаѓа од твит на Маск. Само за два дена, цената на акциите на Ѕіgnаl се зголеми од 60 центи на 8,30 долари.

Минатата недела, тој изрази поддршка на Twitter за група на малопродажни инвеститори на веб-страницата „Reddit“ кои го координираа купувањето акции во „GameStop“, туркајќи ја нагоре цената на акциите на ланецот за повеќе од 680%.

Интернет пазарот на Etsy се зголеми за околу 3,5 проценти на 26 јануари, неколку минути откако Маск напиша „Го сакам Etsy“, додавајќи дека купил рачно плетена волна за своето куче.

Најавата дека привремено се повлекува од социјалната мрежа доаѓа непосредно откако Маск се појави заедно со извршниот директор на апликацијата за трговија на Robinhood, Влад Тенев за време на стриминг. За време на состанокот, Маск го доведе во прашање мотивот зад ограничувањата на малопродажбата на Robinhood, но исто така се осврнал и на други теми, вклучувајќи ги деловните активности на Tesla и вакцините Ковид-19.

Маск охрабрува директен контакт со неговите обожаватели и инвеститори во трговијата на мало, што ги обезбедуваат платформите на социјалните медиуми како што е Twitter.

Тој исто така ги откри новите работни места за неговата компанија Tesla преку Twitter, поканувајќи ги оние што бараат работа да застанат покрај неговиот хотел во Берлин за да аплицираат за позиции во новата фабрика што ја гради таму.

Слични содржини