Маск сака да изгради град за своите вработени, познато како ќе се вика

од Stefanija Kuzmanovska

Сопственикот на SpaceX, Tesla и Twitter, Елон Маск, сака да изгради град во Тексас за своите вработени.

Како што пренесува „Волстрит журнал“, градот ќе се вика Снејлбрук и ќе биде изграден надвор од Остин, недалеку од неговата вселенска компанија, пренесува „Скај њуз“.

Се додава дека неговото име е алузија на маскотата на компанијата, полжавот Гери.

Се вели дека на вработените ќе им се наплаќаат околу 800 долари месечно за да изнајмат дом со една или две спални, а ќе имаат 30 дена да ги напуштат просториите доколку го прекинат работниот однос.

Слични содржини