Маск се поблиску до одлуката да ја укине „сината значка“: Како ќе опстане Твитер?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали е готово или сепак не? Никој не го знае официјалниот одговор, но се чини дека Маск се откажал целосно од наплатата на „сината значка“, пишува arstechnica.com.

Имено, Маск на Твитер напиша дека „Во суштина, мамењето луѓе не е во ред“, додека други корисници твитнаа дека опцијата за плаќање „сина значка“ почнала да исчезнува.

Сепак, никој не може со сигурност да тврди дека ова е конечната одлука, а не уште едно во низата „предомислувања на милијардерот“.

Да потсетиме, откако Маск најави дека за „сина значка“ ќе се наплаќа 8 долари, излезе со информација дека оваа одлука се одложува за по американските парламентарни избори. И тие се одржаа.

Потоа тој твитна дека ќе ја воведе ознаката „Official“, како пандан на „сината значка“, но која нема да се наплаќа и која е наменета само за државни органи, медиумски куќи и слично.

Меѓутоа, тој потоа го повлече и тоа, наведувајќи дека компанијата ќе има многу „глупави потези“ во следните неколку месеци, за да се утврди што „функционира, а што не“.

Сепак, тој треба да биде малку повнимателен со своите одлуки бидејќи се повеќе огласувачи ја напуштаат платформата.

Исто така, Маск во обраќањето до вработените наводно посочил дека не е исклучен банкротот како опција.

Слични содржини