Маск: „Тесла“ наскоро во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот милијардер и директор на компаниите „Спејс Екс“ и „Тесла“, Елон Маск изјави дека ја разгледува Русија како потенцијална локација за распоредување на компанијата за производство на електрични возила „Тесла“.

„Мислам дека наскоро ќе бидеме присутни во Русија, а „Тесла“ наскоро ќе биде таму, мислам дека ќе биде неверојатно. Исто така, треба пошироко да го разгледаме Казахстан, земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД)“, рече Маск, кој учествува на рускиот образовен маратон „Ново знаење“ преку видео врска.

Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му се заблагодари на Маск за учеството и го замоли да раскаже како ја гледа иднината за 50 години.

Во врска со ова, директорот на „Спејс Екс“ рече дека е тешко да се предвиди што ќе се случи за половина век и дека верува дека човештвото очекува промени во областа на технологијата, патувањето во вселената и истражувањето на ДНК.

Слични содржини