Маск вреди 230 милијарди долари – колку Гејтс и Бафет заедно

од Vladimir Zorba

Во светската ранг -листа на милијардери, Елон Маск не е само најбогатиот човек во светот, туку неговото богатство сега вреди исто колку и се што имаат заедно Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Нето богатството на извршниот директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс екс“, 50-годишниот Маск, изнесува 230 милијарди долари од петокот наутро, според индексот на милијардери на Блумберг.

Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е десетти со 102 милијарди долари.

И Гејтс и Бафет беа меѓу најбогатите луѓе во светот.

Маск дојде на првото место со „претркување“ на извршниот директор на Амазон, Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот во јануари со нето вредност од 185 милијарди долари. Безос ја држеше титулата од 2017 година.

Оваа година, Маск додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство, благодарение на силните перформанси на акциите на „Тесла“ и „Спејс екс“.

Безос е се уште втората најбогата личност во светот со нето вредност од 191 милијарди долари.

Слични содржини