Маск за продажбата на Биткоин од страна на Tesla: „Странично шоу на страничното шоу“

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, изјави дека одлуката на неговата компанија да продаде поголем дел од своите крипто-средства не треба да се смета како негативно за водечката криптовалута Биткоин.

Во вториот квартал, водечкиот производител на електронски автомобили продал Биткоин во вредност од 936 милиони долари. Маск објасни дека Tesla морале да ги ликвидираат своите средства бидејќи компанијата била загрижена за нејзината севкупна ликвидност поради „локдаунот“ во Кина.

Милијардерот исто така изјави дека компанијата е подготвена да го зголеми својот удел во Биткоин во иднина.

За време на разговорите за приходите, Маск беше критичен кон Биткоин, велејќи дека тоа не придонесува за еколошки одржлива иднина.

„Криптовалутата е странично шоу на страничното шоу („a side show to the side show“). Не размислуваме многу за тоа“, рече Маск.

И покрај продажбата, Маск рече дека овој потег е насочен кон зголемување на „готовинската позиција“ на компанијата и нема никаква врска со технологијата на средството.

Во мај минатата година, Tesla престана да прифаќа плаќања со Биткоин поради загриженоста за одржливоста на животната средина.

Слични содржини