Маски не се носат, за еден ден фатени 1143 лица што не ја почитувале мерката

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 10299 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 1143 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 427 контроли во објекти при што евидентирани се 5 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во државен карантин спроведени се 80 лица.

Слични содржини