Масовен протест против владата во Љубљана, се бараат нови избори (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Голем број демонстранти излегоа на улиците во Љубљана, протестирајќи против Владата на Јанез Јанша и повикувајќи на нови парламентарни избори.

Според некои проценки, се собрале околу 40 000 луѓе, пренесува N1 Словенија.

Силни полициски сили се на улиците, кои рекоа дека се работи за непријавен собир и ги повика учесниците да постапат во согласност со препораките, предупредувајќи дека ќе интервенираат во случај на немири и инциденти. Полицијата ги повикува возачите да избегнуваат возење по главните патишта кон центарот на градот.

Заедно со синдикатите, студентите, еколошките организации и невладините организации, на собирот учествуваат и неколку пратеници од две опозициски партии.Протестот беше поддржан од Социјалдемократите и Партијата на Аленка Братушек.

Владејачката коалиција во Словенија доживеа уште еден неуспех во обидот да го замени претседателот на парламентот Игор Зорчиќ, кој ја напушти коалицијата Партија на демократскиот центар поради несогласувања со Владата и формираше свој независен парламентарен клуб.

Како и на гласањето минатиот месец, за неговиот смена недостасуваше еден глас.

Слични содржини