Масовен скрининг во Шпанија: Нема колективен имунитет и покрај 230.000 заразени

од Nikola Popovski

Шпанските власти соопштија денес дека масовното тестирање на населението за новиот коронавирус покажало дека во земјата нема таканаречен „колективен имунитет“.

Официјалните лица велат дека тековното сеопфатно тестирање досега покажува дека околу два милиони луѓе во Шпанија или околу 5,0 проценти се заразени со коронавирус.

Прелиминарните резултати од истражувањето на 30.000 домаќинства биле презентирани денес. Тестирањето започна во последната недела од април и треба да трае осум недели.

Властите се надеваат дека истрагата ќе го открие вистинскиот размер на епидемијата и ќе им помогне да ја следат нејзината динамика.

Масовното тестирање покажало големи разлики помеѓу регионите, бидејќи петпати повеќе луѓе биле заразени во најтешко погодените области отколку во најмалку погодените делови од земјата.

Нема голема разлика во бројот на заразени лица помеѓу возрасните групи и полот.

Коронавирусот е потврден во Шпанија кај околу 230.000 луѓе, од кои повеќе од 27.100 починале.

Слични содржини