Масовна зараза во затвор, поради мерките забрането е туширање

од Nikola Popovski

Повеќе од 60 затвореници во еден затвор во Белгија се заразени со коронавирус.

Карантинските мерки биле воведени во затворот Намур по наглото зголемување на бројот на заразени лица и брзото ширење на вирусот меѓу затворската популација од 132 затвореници. На затворениците им се забранети прошетки и туширање, но ќе добиваат топол оброк и средства за хигиена секој ден.

Официјални лица изјавиле дека еден затвореник бил пренесен во болница откако било откриено дека е заразен. Покрај половина од затворската популација, шеесетина затворски работници од вкупно 115 се позитивни на вирусот.

Катлин Де Вијве, портпарол на управата во затворот, рекла дека ситуацијата е многу сериозна. Сите посети биле прекинати, а неколку членови на семејството се собрале синоќа пред затворот во знак на протест против одлуката, објавија локалните медиуми.

Во Белгија постојат ограничувања веќе четири месеци, вклучително и ноќен полициски час, а официјалните лица во петокот потврдија дека британскиот вид на вирус сега доминира меѓу заразените.

Слични содржини