Масовни тестирања за коронавирус во штипската конфекција

од Берта Китинска

Масовно тестирање вчера е почнато на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места. Ова е една од одлуките од заедничкиот состанок на членови на Комисијата за заразни болести, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, и Општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

– Масовното тестирање на работниците се очекува да заврши денеска или најдоцна до утре. Така што, сите текстилни работнички од таа конфекција ќе бидат тестирани и ги очекуваме резултатите. Се надеваме на што помал број заразени. Се работи за една сериозна анализа, епидемиолошка, која го покажува движењето на овие луѓе, кои се контактите, движењето во автобусите, дезинфекцијата и сето тоа треба да се заокружи со едно тестирање, рече Бочварски.

По состанокот со членови на Комсијата за заразни болести, штипскиот Центар за јавно здравје донесе и задолжиние до граѓаните да не се шири коронавирусот.

Сите граѓани од Штип кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број лица заболени од короновирус, како и граѓаните кои користат ваков тип превоз, задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар при појава на првите симптоми на болеста – кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис. Задолжението до граѓаните го донесе Центарот за јавно здравје-Штип по состанокот со епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.

До денеска во овој кластер регистрирани се вкупно 19 заболени, покрај работници има и членови на нивни семејства. Епидемиолозите до денеска во изолација и самоизолација од овој кластер ставиле 153 работници, но и нивни контакти со членови на семејства, пријатели.

Надлежните од Центарот за јавно здарвје сметаат дека со овие мерки се прави да не се шири вирусот и кругот полесно да се затвори.

Слични содржини