Масовно повлекување на Tesla, трето овој месец

од Vladimir Zorba

Во изминатиот месец Tesla имаше три повлекувања, а последното е најголемо, поврзано е со Model 3 и Model Y, а повлекувањето влијаеше на 321.628 автомобили. Кога станува збор за Model 3, станува збор за примероци произведени од 19.10 до 05.11 оваа година, додека Model Y е за подолг период, од 24.5. до 9.11. оваа година.

Повлекувањето дојде откако Tesla доби голем број поплаки за задните светла. Утврдено е дека светлата се гасат поради грешка во контролниот софтвер (фирмверот). Имено, може да се случи при палење на автомобилот, еден или двата фарови да останат исклучени. Добрата вест е што трепкачите и стоп светлата работат, така што безбедносната опасност е нешто помала.

Грешките во кодот ја принудија Tesla да повлече 40.000 модели на Model X и S на почетокот на овој месец поради проблеми со серво воланот и 30.000 модели на Model Y поради неисправни воздушни перничиња.

Благодарение на „over-the-air“ поврзувањето, сите автомобили ќе се поправаат без потреба од одење во сервисен центар.

Слични содржини