Мата: Би сакал да се вратам во репрезентацијата на Шпанија

од Vlatko K

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата не криеше дека би сакал да се врати во репрезентацијата на Шпанија.

Играчот од средниот ред говореше пред посетата на Валенсија на Местаља во шестата рунда од групната фаза од Лигата на шампионите.

„Би сакал да се вратам во репрезентацијата на Шпанија и да учествувам на важни турнири.

Верувам дека има нешто што можам да понудам на тимот.

Имам искуство, па очекувам да се вратам.

Поминав многу години во Англија и сум задоволен што сум овде.

Ќе видиме што ќе се случи“, рече Мата.

Хуан Мата е поранешен играч во Валенсија.

Запрашан какви емоции има пред судирот со „лилјаците“, напаѓачот од средниот ред вели: „Тоа ќе биде посебно.

Кога бев дел од Челзи, играв против Валенсија и беше незаборавно.

Мислам дека сега ќе биде исто.

Овие емоции сигурно остануваат долго време.

Задоволство ми е да се вратам во мојот дом.

Валенсија е клуб кој е многу важен за мене.

Среќен сум во Премиер лигата во Манчестер и ќе видиме каков натпревар ќе имаме во среда“.

Мечот помеѓу Валенсија и Јунајтед е утре, 12 декември од 21:00 часот.

Пред судирот, разликата помеѓу „црвените ѓаволи“ и „лилјаците“ е 5 бода. Јунајтед е втор со 10 поени, додека шпанскиот тим е трет (5).

Лидер со 12 поени е Јувентус, кој игра со Јанг Бојс.

Слични содржини