Мата се сели на „Олимпико“

од Stefanija Kuzmanovska

Лацио ова лето сака да го донесе на слободен трансфер 33-годишниот Хуан Мата, офанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед.

Римска „Ла Република“ објави дека Игли Таре, спортскиот директор на „лацијалите“, сака да му донесе на тренерот Симоне Инзаги искусен креативен играч за врска, за да ја зајакне конкуренцијата во тимот.

Наводно, Лацио го контактирал шпанскиот фудбалер и му понудил двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година. Раководството на римскиот клуб му нуди на Мата четири милиони евра годишно, но Шпанецот бара пет милиони евра за да го облече „небесно-синиот“ дрес.

Мата оваа сезона има само седум настапи за Јунајтед во Премиер лигата, и вкупно 14 во сите натпреварувања. Неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“ истекува ова лето, па тој ќе биде слободен агент.

За време на својата кариера, Мата играше за Реал Мадрид „Б“, Валенсија, Челси и Манчестер Јунајтед. За репрезентацијата на Шпанија, со која беше светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 година, одигра 41 натпревар и постигна десет погодоци.

Слични содржини