Матис: САД се сто проценти ангажирани во НАТО

од desk2

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека Вашингтон целосно го поддржува НАТО, додавајќи дека Алијансата станала посилна по дводнениот Самит, благодарение на реформите и преземените обврски од сојузниците.


Тој на прашањето за ангажманот на САД во НАТО истакна дека тоа е „точно како што опиша претседателот (Трамп): Сто проценти ангажираност во НАТО“.

– НАТО е посилен денеска отколку вчера, посилен отколку пред една недела, посилен отколку пред еден месец, посочи Матис.

Слични содржини