Матурата ќе се полага на 27 мај, уверува Шаќири

од Nikola Popovski

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири порача дека не може секогаш да се поврзуваат важните процеси со некои потребни барања. Ова го истакна како одговор на новинарско прашање во однос на штрајкот на Државниот испитен центар (ДИЦ) и најавеното одржување на државната матура.

-Јас ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека матурата ќе се реализира на 27 мај согласно рокот. Исто така е и барање на средношколците и денеска во комуникација со ДИЦ и според информациите што ги имам, се прават сите подгототвки за да се полага матурата на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар од МОН за да можеме да ги завршиме работите, кажа денеска Шаќири од Кавадарци.

Од ДИЦ вчера на брифинг со медиумите информираа дека на средбата со вицепремиерот за економски прашања им било понудено К-15 и линеарно покачување од 2000 денари за половина од вработените.

-Ние ќе престанеме со овие изјави. Сакавме со помош на медиумите да покажеме колку се битни луѓето кои што работат во ДИЦ и колку е важна матурата. Не сме добиле ништо – само пазарна понуда, потенцираа од ДИЦ и најавија дека во моментов штрајкот продолжува.

-Тоа што е во надлежност на овие лица што се во штрајк ќе биде во мирување, затоа што ние сме во штрајк, кажаа од Центарот во однос на тоа што понатаму со државната матура.

Слични содржини