Маурицио Мастрини со концерт во Националната Галерија Даут Пашин Амам

од Vladimir Zorba

Италијанскиот пијанист и композитор Маурицио Мастрини од Италија ќе одржи концерт во државава, кој ќе биде во рамките на Фестивалот МОДОАРС 2019.

Маестро Мастрини е еден од најпознатите и најавангардните пијанисти во Италија. Го нарекуваат „Диво срце“ поради неговиот малку осамен и изолиран начин на живот во виноградите на Умбриа, но и поради свирењето каде со целото свое срце изразува еден голем свет на емоции.

Концертот ќе се одржи на 15.11.2019 – петок, со почеток во 20 часот во Националната Галерија Даут Пашин Амам во Скопје, а ќе се изведат авторски композиции на Маестро Мастрини.

Концертот се одвива со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија. Овој концерт е последниот од низата концерти кои Фестивалот МОДОАРС ги организираше оваа година. Во ова издание се одржа и Концертниот проект „Акустик Електроникс“ со преработки на електронски теми за пијано, контрабас и тапан во изведба на Ема Попивода, Оливер Јосифовски и Александар Петров.

Понатаму се реализираше и изложба „Мајката Медеа“ на Белгиската уметница Северин Бургерс со концерт на Ема Попивода – пијано, концерт на баркона флејта и чембало на Винфрид Хакл од Австрија. Хакл одржа и предавање за барокните инструменти и настанокот на денешното пијано за студентите на Факултетите за музичка уметност во Скопје и Штип.

Слични содржини