Маврово – дестинација за четири сезони

од Vladimir Zorba

На денешната средба во Маврово, Директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски со градоначалникот на општина Маврово и Ростуша Медат Куртовски и директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини ги договорија идните активности за збогатување на туристичката содржина и развивање на еко туризмот којшто треба да прерасне во столб на туристичката понуда на оваа дестинација.

Следната година ќе биде изградена првата zipline линија во Македонија, еко патека, велосипедски патеки и дестинација број 1 за качување карпи. Ова се потврди и на средбата со младинскиот форум на општината во кои младите од оваа општина дадоа свои предлози и идеи за заедничка понатамошна соработка.

Кампањата Дома си е дома најголемиот ефект го постигна во националните паркови и подзаборавените туристички атракции во нашата земја. Бројот на туристи во Маврово докажа дека летниот период може да парира на зимската сезона. Заеднички ќе се потрудиме бројот на туристи во 2020 година во националниот парк да ги зголемиме и овозможиме Маврово во вистинска смисла на зборот да биде дестинација за четири сезони.

Слични содржини