Мавтале со пиштол во казино во Скопје

од Nikola Popovski

МВР информира дека дошло до тепачка и закани со пиштол во казино во Скопје.

Според полицијата, синоќа во 2:36 часот во Полициската станица Чаир, Е.Т.(41) од Скопје пријавил дека во казино на улицата Јадранска магистрала бил физички нападнат од неколку лица, кои му се заканиле со пиштол.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини