Mazda 2 ”освежена” после пет години, Европејците не добиваат дизел

од desk2

Четвртата генерација Mazda 2 на пазарот е веќе пет години, но дури сега доби “освежување”.

Промените во изгледот се суптилни, што и не е лоша работа со оглед дека се уште е еден од најелегантите модели во класата.

Поголем фокус бил на ентериерот кој присвоил некои карактеристики од прекрасниот дизајн на новата Mazda 3.

Внатрешноста е отмена, а новите предни седишта нудат поголема удобност.

Сепак, главните промени се новите технологии со кои Mazda 2 е побогата од кога и да било.

Тука пред се се адаптивните LED фарови, систем за надгледување од 360 °, препознавање на сообраќајни знаци, следење на лентите.

Mazda го унапреди врзувањето за да добие поудобно возење, а достапен е волан со грејач, возачко седиште прилагодливо во шест насоки, темпомат, авто-ретровизор, додека мултимедијата поддржува и Apple CarPlay и Android Auto.

Во Европа сите Mazda 2 ќе бидат исклучиво со погон на сите четири тркала, а во понудата се 1,5-литарски Skyactiv-G бензински мотор со 75 и 90 КС со шест-степен мануелен или автоматски менувач.

Јапонците, сепак, ќе можат да го купат овој хечбек Б сегмент и со нов 1.8-литарски Skyactiv-G дизел и погон на сите четири тркала.

Продажбата во Европа започнува на почетокот на 2020 година.

Слични содржини