Маж бил прободен за време на снимањето на филм со Ен Хетавеј

од Vladimir Zorba

Мажот бил повреден за време на сетот на филм. Тоа се случило на сетот на филмот “Вештерки”, во кој учествуваат Ен Хатавеј, Октава Спенсер и Крис Рок. Инцидентот се случи во Хертфордшир, источно од Англија.

Жртвата е член на тимот, а тој е избоден со нож и однесен во болница. Во официјално соопштение Ворнер брадерс, на чиј сет се случи инцидентот, рекоа дека тоа е единствен случај и веќе е предаден во полицијата за истрага.

Според полицијата, има уапсен во случајот. “Во 12:35, полицијата беше повикана во студиото Warner Brothers во Хертфордшир. Човекот има траума во вратот. Друг човек е уапсен со сомневање дека се обидел да нанесе сериозни телесни повреди и е во притвор “, се вели во пораката.

Фото: Ројтерс

Во тек е истрага, што ќе даде поголема јасност за настанот.

Филмот е римејк на класиката на Роберт Земекис од 1990. Хатавеј ќе ја игра Големата Вештерка. Приказната раскажува за едно 7-годишно момче кое ги сретнува вистинските вештерки. Проектот се очекува да се појави во 2020 година, по повод одбележувањето на 30-годишнината од оригиналот.

Слични содржини