Маж исекол дрво кое паднало и ја усмртило неговата сопруга

од Nikola Popovski

Струмичката полиција во денешниот билтен објави дека дрво што го сечел селанец од с. Мокрево, струмичко паднало над неговата сопруга и таа починала на самото место.

„На 19.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атар на с.Мокриево, струмичко, во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место“, соопштуваат од МВР.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

loading...

Слични содржини