Полициска екипа во Индија реагирала на сигнал од жена која рекла дека била продадена од нејзиниот 17-годишен сопруг. Двојката се венчала во јули оваа година, пишува „Стандард“.
Купувачот бил 55-годишен маж.
Тој се спротивставил на органте за спроведувањето на законот, тврдејќи дека платил 2.400 долари за жената.
Тинејџерот ги потрошил парите на раскошен ручек и нов смартфон. На родителите на сопругата им рекол дека таа го напуштила.
На крајот, полицијата успеала да ја врати девојката кај семејството, но велат дека морала да употреби сила врз купувачот и неговите роднини, кои го штителе.